hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каталонско дерби во ASOBAL Куп финалето

foto asobal cup

ASOBAL Куп - Полуфинале

Барселона - Хуеска 39:25 (20:12)

Второто полуфинале на ASOBAL Купот започна со изненадувачкиот гол на Алекс Марсело по неполни 30 секунди. Но Барса возврати и во третата минута преку словакот Страновски и Раул Ентрериос израмни на 2:2. Штербик како да се загреваше и од четвртата минута одбрани неколку изнудени шутеви.

Кога Едуардо Гурбиндо го постигна својот втор гол во 7 минута, фаворитот за прв пат поведе (4:3) Но и Коралес на спротивната страна одбрани три удари во првите 7-8 минути и Фуентес израмни на 5:5. Одбраните на голманот на шпанската репрезентација стануваа се почести, па Раул Ентрериос и капитенот Томас од контра, за прв пат на каталонците им донесоа +2. Седрик Сорондо со вториот гол, му одговори на Гонзало Елој на идентичен начин и Барселона дојде до 8:6 во 12 минута. Отпорот на Хуеска полека се „кршеше„ и Рутенка од седум метри за прв пат дистанцата ја донесе на +3 во 14 минута (10:7). Штербик и одбраната на чело со Виран Морос „царуваа„ и разликата стануваше се пореална на квалитетот. Сорондо и Гурбиндо тоа максимално го користеа и со 12:8, мечот влезе во 18 минута. Кирил Лазаров влезе во игра во втората половина на првиот дел, како и Нодесбо кој во 22 минута погоди за 13:9. Сите домашни ракометари го подигаа нивото на игра и Даниел Сармиенто во 24 минута за прв пат зголеми на 5 голови предност (14:9). Во 26 минута и Кирил Лазаров со скок-шут ја погоди мрежата на Коралес за 16:11, а потоа реализира контранапад за 17:11. Абрахам Рочел од одпадок ја прекина серијата на бранителот на трофејот, но инерцијата на мечот уште во раната фаза ни го обелодени финалистот. Лазаров почувствува дека е мотивиран и третиот свој гол го постигна во транзиција од гол до гол за 19:12 во 29 минута. Со голот на Сармиенто, првиот дел заврши со 20:12 и комотно водство на домаќинот на овогодинешниот ASOBAL Куп.

Данскиот репрезентативец Јеспер Нодесбо ја искористи фантастичната асистенција на Карабатиќ за највисоки 21:12 на почетокот на вториот дел. По две промашувања, највозрасниот во Барселона, Хуанин Гарсија во 33 минута ја носи првата двоцифрена предност (22:12). Карлос Молина со два последователни гола за Хуеска, го прекина монологот на „страшните момци„ на Пасквал. Пабло Хернандез Бермудез му одбрани седмерец на Рутенка и зицер на Гарсија, а Марсело и Квартеро од седмерец спуштија на 24:17. Но Лазаров со четвртиот гол го прекина позитивниот момент на гостите од Хуеска (25:17). Следуваа голови и на Хуанин Гарсија и Гурбиндо за 28:18 скоро па на половина од второто полувреме. Следеше ново опуштање на каталонците и Косано, Фуентес и Буено погодија во серија за 29:21 во 46 минута. Но на секој обид да се доближат, Лазаров и другарите одговараа. На асистенција на македонецот, Раул Ентрериос го постигна 30 гол за Барса. Раул Ентрериос и Томас ја одржуваа разликата од +10 и итаа кон 40 гол за шпанскиот првак. Лазаров во последната секунда од седум метри го постигна 39 последен погодок за Барселона. На крајот огромни 39:25 и во секој поглед видлива разлика во квалитет. Во победничката екипа Раул Ентрериос најефикасен со 6 гола, по 5 постигнаа Лазаров (имаше и 3 асистенции), Гурбиндо и Виктор Томас, а дури 11 домашни ракометари се запишаа меѓу стрелците. Арпад Штербик имаше фантастична 21 интервенција. Кај Хуеска, Марсело Фуентес со 6 и Давид Квартеро со 5 гола заслужуваат преодна оценка.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Во првото полуфинале Грањолерс ја совлада екипата на Натурхаус Ла Роха и в недела од 20 часот во „Палау Блауграна„ ќе игра во финалниот меч за титулата во ASOBAL Купот против бранителот Барселона.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share