hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ждрепката за Купот на Кралот, в сабота попладне

В сабота од 18:15 часот во просториите на ASOBAL ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналето на Купот на шпанскиот Крал. Со победата над Вила де Аранда на гости, тимот на Барселона на Кирил Лазаров се најде меѓу најдобрите осум екипи, кои ќе се борат за трофејот, кој минатата сезона го освои Атлетико Мадрид со Кирил Лазаров во тимот.

Барселона, Пуерто Сагунто, Барселона Б, Хуеска, Арагон, Хелветиа Анаитасума, Грањолерс и Хуанферса се екипите кои преостанаа во ова натпреварување. Ждрепката нема да има носители и секој може да се сретне со секого. Четвртфиналето се игра во двомеч, а термините се 26 фебруари и 5 март наредната 2014 година. Најдобрите четири екипи ќе играат на Final four турнир во мај, а ASOBAL дополнително ќе го одреди организаторот на завршниот турнир.

Share