hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: „Страшните момци во акција„

kire spot2

Од пред неколку дена најавениот видео спот кој го претставува АSOBAL Купот во Барселона на 21 и 22 декември, од денес може да се види во етер. Под мотото „Ја имаме тајната да го освоиме ASOBAL Купот„ момците на Хавиер Пасквал ја знаат својата мисија.

Од мозокот на проектот, Хавиер Пасквал, преку „телохранителите„ Даниел Шариќ и Арпад Штербик, до убоитите стрелци меѓу кои е и нашиот Кирил Лазаров. Целата група Барселона е подготвена за викенд предизвикот, кој во „Палау Блауграна„ ќе ни го даде победникот. Титулата ја брани Барселона, а ја напаѓаат уште Натурхаус Ла Роха, Грањолерс и полуфиналниот противник Хуеска. Видео спотот се очекува деновиве да го обиколи светот и да ја анимира шпанската и каталонската јавност да му даде значај на овој настан, како што тој заслужува.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share