hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: „Фалангата„ подготвува инвазија на Данска

kire040122103

На нешто повеќе од еден месец до стартот на Европското првенство во ракомет во Данска, нашата нација полека се загрева за уште еден голем настан. Членови на „фалангата„ уште од пред некој месец по ждрепката ги планираат сите детали поврзани во нашата група во Хернинг.

Од билетите за првата фаза, преку детали околу патот и сместувањето. Инспиративни видеа кружат низ социјалните мрежи, за во Данска нашата ракометна репрезентација да се чувствува како дома. Следно што е на програмата според планот селекцијата се подготовките во Хрватска, а во рамките на тие подготовки ќе се замине на кратко гостување во Словенија, со чија селекција ќе се одигра контролен меч на 27 декември во Копер. На крајот пред патувањето за Хернинг, во Скопје ќе се одржи турнир на кој покрај Македонија треба да учествуваат уште Црна Гора и Србија. Веројатно нема да се бара четврти учесник за да не се исфорсира тимот и да се намали ризикот од евентуални повреди.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share