hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

34 ASOBAL куп во “Палау Блауграна„

palau-blaugrana

Aсоцијацијата на клубови при ASOBAL одлучи градот Барселона и првакот на Шпанија во ракомет да бидат организатори на 34 издание на АSOBAL купот, кој на 21 и 22 декември ќе го играат четирите најуспешни екипи од есенскиот дел на шампионатот.

По втор пат во историјата „Палау Блауграна„ ќе биде поприште на полуфиналните и финалниот натпревар, откако во декември 2008 година премиерно го организираше завршниот турнир. Во последните две кола од првата половина на ASOBAL лигата ќе биде познато кои три екипи покрај Барселона ќе играат за трофејот кој го бранат токму каталонците, откако во финалето минатиот декември во Виго го совлада Атлетико Мадрид со нашиот Кирил Лазаров во составот.

Share