hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров „диригираше„ Барса броеше до 43

so puerto sagunto

Барселона - Пуерто Сагунто 43:20 (22:8)

Како и поголемиот дел од средбите во ASOBAL лигата и против Пуерто Сагунто, првакот Барселона одигра како на тренинг и ја забележа 13 победа во исто толку натпревари во домашното првенство. Арињо со три гола го отвори мечот и при 4:0 по неполни 3 минути, гостите побараа тајм-аут.

Кога во 10 минута предноста на фаворитот достигна +7, јасно беше дека ова ќе биде уште еден меч налик на многуте домашни на Барса оваа есен. И без повредениот Раул Ентрериос, офанзивниот арсенал на каталонците беше пресилен. Рутенка, Гурбиндо и Сорондо го полнеа голот на гостите, кои погодуваа на секои 4-5 гола на домаќините. И Даниел Шариќ „вмеша прсти„ и со серија на добри одбрани, го комплетира првиот дел со 22:8. Со таква разлика во класи, продолжението беше само формалност. Но Пасквал има толку многу ракометари, што во второто полувреме извади мотивирана постава, која го дотолчи тимот на Пуерто Сагунто и пак ја надмина границата од 40 гола. Кирил Лазаров влезе во игра и со голови ја комплетираше забавата.

Посебно импресивни беа неговите прецизно изведени седмерци, со чија помош беше најдобар стрелец во натпреварот. Во 51 минута предноста достигна +20 и на гостите од регионот близу Валенсија им се закануваше катастрофа. Финалните 43:20 покажуваат дека во пресрет на гостувањето кај второпласираната екипа на Хуеска, лидерот во ASOBAL лигата Барселона само се загреа за последните два натпревари од домашното првенство и ASOBAL купот, колку што преостанува до крајот на есенската полусезона во земјата на светскиот првак.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share