hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров втор во изборот на „Хендбол планет„

Kiril Lazarov vo dres na Barsa

Капитенот на македонската репрезентација и играч на Барселона, Кирил Лазаров го освои второто место во конкуренција на десни бекови, како и според вкупниот број освоени гласови во изборот на престижниот ракометен веб портал „Хендбол планет„ За него гласале 20.256 учесници во анкетата за најдобри во 2013 година, а повеќе гласа добил само Ласло Наѓ, и тоа 23.528, па унгарецот од Веспрем е пред Лазаров и во двете категории.

Сепак, распределените 144.851 гласови за 21 номиниран играч, по три за секоја позиција, беа само еден глас додаден на жирито составено од новинари од 11 земји, што известуваат за ракомет. Според збирот на нивните гласови и на тие на посетителите на вебсајтот, ракометар на годината во светот е Хрватот Домагој Дувњак со 35 поени, а зад него се Наѓ со 26, Хулен Агинагалде со 23, Ханс Линдберг со 22 и Арпад Штербик со 21. Идеалната седморка за годинава што изминува во изборот на „Хендбол планет" ја сочинуваат: Андерс Егерт (Данска) - лево крило, Сергеј Рутенка (Белорусија) - лев бек, Домагој Дувњак (Хрватска) - среден бек, Ласло Наѓ (Унгарија) - десен бек, Ханс Линдберг (Данска) - десно крило, Хулен Агинагалде (Шпанија) - пивотмен и Арпад Штербик (Шпанија) - голман.

Share