hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров за АС: „Горд сум што настапувам за Барса„

02122013

Во краткото интервју на Кирил Лазаров за престижниот шпански дневен спортски весник „DIARIO AS„ македонскиот интернационалец уште еднаш потврди дека го направил вистинскиот избор со преминот во каталонскиот гигант „Горд сум што тренирам и настапувам за оваа екипа, затоа што тоа е сон на секој професионален спортист.

Во Барса е поинаку одколку во другите клубови. Тука мора да дадеш 100% од себе на секој тренинг и така не е само во ракометната секција, туку во сите останати кои го носат името Барселона. Многу сум среќен и задоволен со сработеното во овие неполни четири месеци. Иако го освоивме IHF Суперглоб и ASOBAL Суперкупот, сепак треба да работиме уште повеќе и полека да одиме кон остварување на останатите цели. Мислам дека резултатите кои ги остваруваме се плод на нашиот максимум, пружањето на 100% на секој натпревар. Точно е дека некои натпревари ги добиваме со голема разлика, но тоа нема да биде така ако не се ангажираш максимално на секој натпревар„ заврши Лазаров во краткиот разговор во пресрет на мечот со Вардар со новинарот Јозеф Маргалеф на славниот мадриски весник.

Комплетното интервју можете да го погледнете ТУКА:

Share