hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса со реванш за вардарци за септемвриското реми

kire so vardar

Барселона - Вардар 30:23 (14:11)

По ремито во септември во Скопје, ракометарите на Барселона му се реваншираа на македонскиот првак Вардар со убедлива победа од 7 гола. Вардар цели 45 минути му се спротивставуваше на европскиот вицешампион Барселона, но немаше сили за нова сензација и на крајот загуби со 30:23.

Гурбиндо го реализираше првиот напад за Барса, додека на спротивната страна Штербик одбрани зицер по ударот на Дибиров. Вардарци преку Абутовиќ израмнија, потоа одговори и за 2:2, но проблемите настанаа кога Тоскиќ во 9 минута заработи исклучување на две минути. Домаќините умешно го користеа тоа и лесно стигнаа до предност од 5:2. Барса брзо отиде до 6:2, пред Душебаев со својот втор гол да ја прекине серијата од неполни десет минути без постигнат погодок на македонскиот првак. Милиќ се разбрани и му овозможи на својот тим да се врати во мечот, па со првиот гол на Дибиров „црвено-црните" дојдоа до еден гол негатива (7:6). Карачиќ погоди за 7:7 и тајм-аут на домашниот тренер Пасквал, незадоволен од изданието на својот тим „Вардарци" имаа две шанси да дојдат до предност при резултат 8:8, но и Милиќ одбрани зицер при 9:8 и не им дозволи на Лазаров и другарите, одново да се одлепат. Нашиот интернационалец постигна два гола во серија, но Вардар одговори на вистински начин, со нови погодоци на Брумен и на Душебаев. Сепак Вардар не успеа да го издржи темпото до крајот на полувремето и Барселона го финишираше полувремето со серија од три гола и на одмор се замина со предност на домаќините од 14:11. Вториот дел започна со експресно намалување на вардарци за 15:14 во 35 минута.

Скопјани предводени од Милиќ продолжија во ист стил, па успеаја и да израмнат на 15:15, а во 38. минута и да стигнат до своето прво водство на натпреварот (15:16). Но проблемите за македонскиот претсавник се зголемија откако Петриќ и Дибиров заработија исклучувања, предност што гигант како Барселона знаеше како да ја искористи. Кирил Лазаров со серија на реализирани седмерци и асистенции за Карабатиќ го „скрши„ отпорот на Вардар. Следеше целосна доминација на домашниот состав, па во 48. минута резултатот гласеше 24:18 за Барселона. Така каталонците ја зголемуваа предноста, нивната позитива изнесуваше и девет гола, но Брумен и Чипурин со погодоци во финишот ги поставија конечните 30:23. Милиќ беше најдобар во таборот на Вардар со 19 интервенции, додека Брумен беше најефикасен со шест гола, пред Дибиров и Душебаев, кои го завршија овој натпревар со по пет постигнати погодоци. Кај Барселона Штербик имаше 12 интервенции, додека прв стрелец беше Кирил Лазаров со седум гола, додека Карабатиќ пет пати го совлада Милиќ.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share