hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова победа на рутина на ASOBAL лидерот

kire tun golema2

Барселона - Фригофикос Моразо 33:21 (16:10)

По репрезентативната пауза и без повредениот Арпад Штербик, првакот Барселона не дозволи изненадување против една од екипите која е хит на сезоната во Шпанија, Фригофикос Моразо од Кангас. По израмнетиот старт и 2:2 по првите три напади на двете екипи, Барса со голот на Рутенка и двата на Јоан Саубич во 10 минута поведува со 5:2.

Мечот влезе во серија на грешки и добри одбрани на голманите, па Адријан Поусада од две позициони акции намалува на 5:4. Изедначениот тек на средбата траеше се до 17 минута, кога Кастањо од седмерец израмни на 7:7. Тогаш во само три минути Кирил Лазаров и Виктор Томас со по два гола, на домашната екипа му носат најубедливи 11:7. Таа дистанца се одржуваше до одморот и во меч со многу технички грешки, каталонците пред одмор имаа 14:10. Во последните две минути Томас и Рутенка постигнаа два гола по груби грешки на гостите од Кангас и со +6, Барса замина на одморот меѓу полувремињата. И второто полувреме почна со наизменични голови и се до 19:14 и голот на Ален Муратовиќ, гостите беа во мечот. Тогаш црвено-сините со нова мини-серија од 6:0, во неполни 4 минути дојдоа до разлика која подоцна не можеше да се стигне (25:14).

Во таа серија Страновски постигна 3, а капитенот Томас 2 гола. Домашните се опуштија и во 46 минута останаа цели 5 минути без постигнат гол, а Даниел Родригез и Кастањо со серија од 4:0 го направија поразот на Фригофикос Моразо поподнослив (26:19) Мотивираниот Карабатиќ со уште три гола од три последователни напади во 55 минута ја проби дистанцата 30 гола за високи +11 за Барселона. Лазаров погоди и од третиот обид и со финални 33:21, Барселона ја продолжи серијата на победи во ASOBAL лигата. Во победничката екипа најефикасни беа Рутенка и Карабатиќ со по 7 гола, а Лазаров постигна 3 од исто толку обиди. Шариќ блескаше со 18 интервенции. Кај Фригофикос Моразо, Поусада со 5 гола беше најпозитивниот, но екипата од Кангас бодови ќе мора да побара на некој друг терен во понатамошниот тек на шампионатот.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share