Капитенот на македонската ракометна репрезентација пред контролниот меч со Црна Гора за порталот ЕКИПА говореше за организациониот прогрес на нашата репрезентација, кој се забележува.
„Организациски растеме што е многу важно, иако треба се уште да се подобрува. Најважно е како репрезентативци да се почувствуваме како такви, бидејќи сепак ја претставуваме државата. Собрани сме тука заедно со кадетите и треба да мислиме и на иднината„ велеше Лазаров како и секогаш јасно и транспарентно да ги потенцира и добрите и лошите страни на македонскиот ракомет.