hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Се наоѓаме на правиот пат„

kire -21113

Капитенот на националната репрезентација во Струмица ја предводеше Македонија до нова победа и во својот 146 настап за црвено-жолтите виде позитивни вибрации од мечот со Црна Гора.

„Ова беше добредојден меч за нас. Имавме многу квалитетен противник, можевме многу да увидиме од овие дуели, добија шанси многу играчи, ние сме задоволни. Само се надевам дека ќе играме добро во нашите клубови, ќе останеме здрави во овие месец и пол и ќе бидеме максимално подготвени за она што следува на ЕП во Данска. Имаме голем избор на играчи, како никогаш досега и тоа сите се квалитетни. Имаме два клуба во СЕХА лигата и во ЛШ, играчите играат макар тоа било со мала минутажа. Тоа е големо искуство и носи поширок избор за нашиот стручен штаб. Можам слободно да кажам дека имаме по три играчи на секоја позиција. Не сакам да ветуваме ништо, но доколку работиме, со добра организација, ни претстои добра иднина, во следниве две-три години да очекуваме квалитетен ракомет. За вечерва, драго ми е што ја израдувавме Струмица. На овој начин треба да ги „оживуваме" и другите градови во Македонија" заврши Лазаров.

Share