hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Kaстратовиќ: „Во прв план е играта, а не резултатот„

kastratovic

Во пресрет на пријателскиот меч на Македонија со Црна Гора, селекторот на нашиот противник и до неодамна тренер на Вардар, Зоран Кастратовиќ јасно порача што е цел на овој тест:

„Мечот во сабота е тренинг натпревар каде во прв план ни е играта, а потоа резултатот, со селекторот Ивица Обрван тука сме за да им дадеме шанса на сите да го покажат својот потенцијал без разлика независно од натпреварувачката форма. Се обидуваме да придобиеме поголем број на тие квалитетни играчи и да почнат континуирано да настапуваат за нашата репрезентација, имаме одредени проблеми кога некој сака да настапи или не во даден момент, меѓутоа повеќето ракометари кога ќе дојдат во селекцијата го даваат максимумот, што од друга страна дава многу квалитетни резултати последните две години" вели Кастратовиќ чија цел заедно со селекторот Обрван е да добијат слика за моментната форма на репрезентативците и да ги направат потребните подобрувања.

Share