hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Првакот на рутина мина низ Баскија

bidasoa

Бидасоа Ирун - Барселона 22:34 (12:19)

По 18 години и мечот во дресот на Борец како 16 годишно момче, Кирил Лазаров пак играше официјален меч во срцето на Баскија, во Ирун, против бившиот шпански и европски првак Бидасоа.

Барса самоуверена по триумфот во Париз, на овој меч отпатува без Сорондо, Томас и Хуанин Гарсија. По неполна минута Угарте Кортес ги доведе домаќините во водство. Во почетната фаза, екипата на Бидасоа Ирун парираше и во 5 минута преку Бенгоечеа поведе со 3:1. Првичната реакција на каталонците дојде за неполни две минути. Со мини-серија од 3:0 екипата на Пасквал дојде до првото водство. Два гола на Страновски и еден од линијата од шест метри на Нодесбо, носат 3:4 во 8 минута. Се до 10 минута се играше гол за гол, а посебно беше расположен словакот Страновски, кој со третиот гол во 11 минута, го доведе шампионот во водство од 6:7. Шариќ се разбрани, успеа да скроти и седмерец и со серија од 4:0, Барса побегна. Раул Ентрериос и Аитор Арињо го комплетираа позитивниот момент на фаворитот до 7:11 на половина од првиот дел. Комбинаторната игра на каталонците до одморот му понуди многу опции на Нодесбо до врв да ја наполни мрежата на Бидасоа. Нашиот Лазаров со честите навремени додавања го потврди одличниот момент во новиот клуб. До полувремето и Рутенка влезе во ритам и со +7 екипата на Пасквал замина на одмор.

Првите три минути од продолжението значеа одлука на победникот. Гостите со серија 3:0 со головите на Арињо, Нодесбо и Рутенка дојдоа до 12:22 и прашање беше само колкава ќе биде разликата на крајот од мечот. Лазаров со два гола и три асистенции го заврши својот дел во лесното пладневно надигрување за фаворитот во Баскија. Хуареги со два гола го прекина ритамот на Барселона, но пак во серија влезе Нодесбо, Страновски ги одигра најдобрите минути во сезоната и Барса поведе со 13:26 во 39 минута. Од тој момент се играше со не баш цврсти одбрани, со наизменични голови и коректно без многу груба игра. Така Барса мирно го приведе мечот кон крај за финална победа од +12 и осма победа од исто толку натпревари во ASOBAL лигата. За екипата на Чави Пасквал најефикасен беше Страновски со 8 гола, Нодесбо додаде 6 гола без промашување, одличен и Аитор Арињо со 5 гола. Нашиот Лазаров постигна 2 гола, а Шариќ и Штербик одбранија вкупно 17 топки (Шариќ 6, а Штербик 11). Во жилавиот нов прволигаш од Ирун, Хуареги, Бенгоечеа и Угарте Кортес постигнаа по 4 гола, а голманите вкупно имаа само 9 одбрани (Арочена 6, а Ајербе 4 интервенции). Тимот на Пасквал ја комплетираше првата половина од есенскиот дел на ASOBAL лигата со максимален учинок и репрезентативците заминуваат за некој ден во стожерите на своите национални состави, за наредниот меч за бодови да го имаат со Фригофигос Маризо во „Палау Блауграна„ на 9 ноември.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share