hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров пак меѓу најдобрите седум на колото

kire
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, повторно е избран во тимот на колото во Лигата на шампиони. Лазаров, кој беше во идеалниот тим на третото коло, со добрата игра против Пари Сен Жермен, избори место и во најдобрата седумка на четвртото коло. Десниот бек на Барселона, во победата на неговиот тим во Париз од 33:29, постигна шест голови.
 
Идеален тим на 4 коло:
 
Голман:Мирко Алиловиќ (Веспрем)
 
Лево крило: Иван Нинцевиќ (Динамо Минск)
 
Лев бек: Рафаел Да Коста (Ла Роха)
 
Среден бек: Стас Скубе (Горење)
 
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
 
Десно крило: Иван Чупиќ (Киелце)
 
Кружен напаѓач: Тиаго Роча (Порто).
Share