hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Дуел на титаните во Париз

psgbarca2

Веројатно најзвучниот натпревар во 4 коло на Лигата на шампионите и во цела прва групна фаза од најсилниот куп е денешниот меч во градот на светлоста помеѓу ПСЖ и Барселона. Новиот гигант на европскиот ракомет против дрим-тимот од Каталонија, во кој гравитираат француските интернационалци Седрик Сорондо и Никола Карабатиќ.

Иако одиграа 17 натпревари од официјален карактер во првите 50 дена од сезоната, Лазаров и другарите никогаш не играле со посилен тим од ПСЖ. Притисокот е на страната на првакот на Франција, предводен од тренерот Гарден, бидејќи по двата кикса во Скопје „светците„ немаат многу право на грешка. Кирил Лазаров за прв пат во Лигата на шампионите ќе игра против ПСЖ, иако против него ќе се најдат неговите два соиграчи од периодот во Атлетико Мадрид: Лук Абало и Јаков Гојун. Барселона за противник ќе го има и Микел Хансен, од кого прерано се откажа пред неколку сезони. И ветеранот Младен Бојиновиќ своевремено настапуваше за Барселона, а веќе неколку години настапува во насилните француски екипи. Нема да има празно место во арената во Париз и тоа ќе биде дополнителен мотив за Барселона и Лазаров.

Овој тест е веројатно најтешкиот за избраниците на Пасквал до крајот на годината. Веднаш потоа следува мечот со Бидасоа Ирун во Баскија и ракометарите ќе се приклучат кон своите репрезентативни стожери за време на ЕХФ неделата.

Share