hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Со Црна Гора, два натпревари во Струмица

sportska sala Park

Во редовниот ЕХФ термин, кој сите репрезентации го користат за одигрување на еден или два теста за европското првенство во Данска, нашиот национален тим ја обелодени програмата за периодот од 28 октомври до 3 ноември, кога Обрван ќе ги има на располагање своите ракометари.

Така собирот ќе биде во Скопје, каде црвено-жолтите ќе тренираат до петок 1 номеври, а потоа се селат во Струмица, каде момците на Обрван ќе одиграат два теста со Црна Гора на Зоран Кастратовиќ. Првиот меч ќе биде од затворен карактер, а вториот ќе можат да го видам љубителите на ракометот во Струмица. Како потврда за добриот развој на ракометниот спорт во овој град и растот на Зомимак, по подолго време репрезентацијата ќе игра надвор од Скопје, овој пат во спортската сала „Парк„ во Струмица.

Share