hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Се најавуваше дерби, заврши како гол-шоу на Барселона

kire tun golema

Грањолерс - Барселона 20:34 (10:17)

По години и години доминација на големата Барселона, меѓусебната каталонска пресметка Грањолерс и Барселона го дочекаа со ист број на бодови. Во прекрасен амбиент дербито од 6 коло на ASOBAL лигата, со гол го отвори Карабатиќ, за веднаш да возврати Перез.

По 99 секунди игра „распали„ нашиот Кирил Лазаров за 1:2 за гостите. Но домаќините брзо реагираа и Салинас Муњоз во 7 минута за прв пат го доведе Грањолерс во водство (3:2). Скоро половина полувреме се играше гол за гол, а за Барса погодуваа Карабатиќ (3) и Лазаров (2) за 6:6 во 15 минута. И кога Виран Морос беше исклучен и се чинеше дека Барса ќе навлезе во проблеми, Виктор Томас погоди од крилна позиција во две контри и на 6:8, домашниот тренер Гарсија побара тајм-аут. Само Делагез од седум метри погоди за Грањолерс во серијата на капитенот Томас од три гола (7:9). Лазаров кој фантастично го интрепретираше мечот, со ефектен гол со скок шут во 21 минута за прв пат носи +3 за Барселона. Раул Кампос со лоб удар го пресече ритамот на црвено-сините, пред најрасположениот Карабатиќ со својот четврт, па петти гол да донесе 9:13. На кратко Адриа Перез Мартинез од позиција на десен бек погоди за 10:13 во 25 минута. Се подобрата игра на гостите, резултираше со уште една контра и првенец на Хуанин Гарсија за +4 за шампионот. Во текот на целото прво полувреме, Грањолерс немаше одговор за триото Карабатиќ - Лазаров - Томас. Така брзоногото крило погоди по четврти пат од исто толку обиди и лидерот во 29 минута дојде до +5. Фрацуската врска Карабатиќ - Сорондо со два гола во последната минута го засокружи првиот дел со високи 10:17 и се назираше победникот во каталонското дерби.

Вториот дел почна со нешто поангажирана игра на Грањолерс и со два гола на Салинас Муњоз и Перез, домаќините намалија на 12:17. На првиот посериозен обид домаќините да се вратат во мечот, Рутенка со два гола ја врати разликата од крајот на првиот дел (12:19). Белоруската „машина„ за голови со пет врзани голови од својот репертоар ја направи предноста недостижна (14:22). Перез само за момент ја прекината низата на Рутенка, а кога тој постигна и петти гол за 10 минути и Хуанин Гарсија „полета„ во контра, фаворитот дојде до двоцифрена предност (15:25). Мечот беше веќе готов и првакот со лесни голови од контри и полуконтри, го дотолчи противникот. Со шестиот гол на Виктор Томас, во 47 минута гостите водеа со 11 разлика. Како на репетиција уште два пати побегна Томас и со вкупно 8 од 28 гола на ракометарите на Барселона, предноста ја донесе до +12. Шариќ на голот редеше серија на интервенции и брзо дојде до 10 одбрани во 50 минути, а прими неполни 20 гола. Рутенка со уште два гола на 7 минути до крајот погоди за 17:31. Во опуштените последни 5 минути, Давид Белегер само што влезе во игра постигна два гола, а за Грањолерс погодија Решак Прат и Капдевила. Откако неочекувано два пати беше исклучен, Лазаров луто во контра погоди за својот четврт гол, а 33 за Барселона. Грањолерс во вториот дел постигна само 10 гола и лидерот прелесно впиша нови бодови. Даниел Сармиенто и Арнау во последните 15 секунди од мечот погодија по гол за двете екипи, за финални 20:34.

По екипата на Барселона блескаше Томас со 8, Рутенка со 6, Карабатиќ со 5 и Лазаров со 4 во перфектен меч. Кај Грањолерс Салинас Муњоз со 5 гола заслужи преодна оценка . В сабота во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, скопски Металург гостува во „Палау Блауграна„

Комплетниот извештај можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share