hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Грањолерс - прв вистински тест за Барселона

576 1346068787vallesoriental bmgranollers pretemporada

Првото големо дерби во шпанската ASOBAL лига тропа на врата. Во вторник навечер каталонските ривали Грањолерс и Барселона ќе играат за бодови, но и за потврда дали екипата од малото каталонско градче е противкандидат на дрим-тимот на Пасквал или не?

Грањолерс е клуб кој располага со најдобра ракометна школа во Шпанија, има огромна традиција и освоил многу домашни и интренационални трофеи. Во подготвителниот период Грањолерс знаеше да го прегази и големиот Монпеље со огромни 10 гола разлика, а во првите пет кола од лигашкиот систем Грањолерс ги освои максималните 10 бода. Овие две екипи наскоро ќе играат и за титулата во каталонскиот Суперкуп. Повторно движечка сила на овој тим се домашните ракометари. Ракометари како Алваро Руиз или голманот Матијас Карлос Шулц се истакнаа како најпозитивни во претходниот период, а добро игра и Никлас Грундштајн. Сите во Шпанија со нетрпение го чекаат дуелот, кој ќе потврди дали Грањолерс барем за 60 минути може да ја стави во сенка и големата Барселона.

Share