hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Сопругите на ракометарите на Барса, подготвени и за Металург!

kire i familija so vesna

Другата страна на еден ракометен натпревар од гледна точка на семејствата на звездите на Барселона, ни ја пренесе новинарот Игор Филевски, кој живее и работи во Барселона. Тој ја одслика атмосферата на „балканскиот дел„ од славната Барса и нивните сопруги и наследници.

sterbik07

За спортистите од славниот клуб кој се дефинира „Повеќе од клуб„ задолжителна процедура (важи за сите секции на ФКБ) е сите спортисти по секој завршен натпревар на домашен терен мора да поминат одредено време во дружба со своите фамилии. Арпад Штербик со сопругата Моника, Даниел Шариќ со сопругата Даниела и децата, Љубица Лазарова со Лана и Благојче, Никола Карабатиќ со девојката Жералдин, сопругата на Хуанин, Рутенка и останатите беа дел од пост-фестум дружбата. Од расположението кое владееше меѓу нив можеше да се забележи дека сите веруваат во тоа дека Барса оваа сезона нема да претрпи ниту еден пораз понатаму, до крајот на сезоната. Дали ќе биде така ќе дознаеме многу скоро. Во вторник тимот настапува во Гранољерс против единствената екипа во ASOBAL која сеуште нема пораз, а веќе в сабота во 16:30 игра во Палау Блауграна против Металург.

Share