hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова тренинг победа за Барселона

kire 06 102013

Барселона - Анхел Хименез 39:23 (20:9)

На само два дена до каталонското дерби со Грањолерс, лидерот Барселона во „Палау Блауграна„ го дочека новиот член на шпанското елитно друштво, Анхел Хименез. Франзуцинот Карабатиќ и младиот Арињо го отворија мечот со по два гола и Барса во 6 минута поведе со 4:1. Организаторот на играта на Анхел Хименез, Сиера Фернандез со два гола од надворешните позиции го одржуваше ритамот (5:3).

Мотивираниот Карабатиќ со уште два гола во транзиција, од гол до гол, во 12 минута носи 7:3 за екипата на Пасквал. Дефинитивното одлепување екипата на Барселона го направи со серија 6:1 и во само 6 минути, резултатот гласеше 13:6. Карабатиќ даде уште два гола, погоди и нашиот Лазаров само што влезе во игра и отпорот на новајлијата во ASOBAL лигата беше скршен. Дури во 20 минута Станислав Демовиќ го постигна првиот гол во дури 10 минути за гостинскиот табор. Но фаворитот не се задоволуваше со обична победа и во 24 минута дојде до двоцифрена предност (17:7). Се разигра Лазаров и уште два пати ја погоди гостинската мрежа, а погоди и Рутенка. Првиот дел заврши со два гола од крилна позиција на Хуанин Гарсија и +11 за актуелниот првак.

Кога и вториот дел започна со серија 3:0 за домаќините, прашање на разлика на семафорот беше, како ќе заврши овој пладневен меч. Погодија и Сармиенто од чекор и младиот Балагер Ромеу за 23:9 во 34 минута. Муњоз Бандера од седмерец погоди за Анхел Хименез за единствен гостински гол во првите седум минути од вториот дел. Пак следуваа 5 минути со голови само на домаќините, а во серијата од 5:0, три гола во негов стил комплетно рушејќи ја противничката одбрана постигна Сергеј Рутенка. Видно расположениот Лазаров на средината од вториот дел погоди и од седмерец и од игра и при 31:12, гостинскиот тренер побара тајм-аут. По дефицитот од дури 19 гола, Анхел Хименез се врати во мечот. Сега гостите меѓу 40 и 46 минута направија серија од 5:0 и со головите на Бандера, Демовиќ, Симон дојдоа до 32:18. Во последните 10 минути само што се разигра Нодесбо и на асистенции на Лазаров и Карабатиќ ја заврши приказната со финални 39:23 за Барселона. Петта победа во ASOBAL лигата за каталонците и добра најава за соседното дерби со Грањолерс во вторник. Во победничката екипа, 7 гола постигна Карабатиќ, по 6 придодадоа Лазаров и Хуанин Гарсија. Рутинска победа и јакнење на самодовербата на момците на Пасквал пред наредните предизвици.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share