hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса и кога нема ден, победува убедливо

Sorhaindo.v1377685623

Гвадалахара - Барселона 28:35 (11:15)

Барса со вистински пристап влезе во мечот во Гвадалахара крај Мадрид и по само три минути постигна три лесни гола на крилата и пивотменот Нодесбо. Но не беше се така лесно во продолжението на мечот. Момците на Матео Гаралда преку корпулентниот Плаза Лара намалија на 2:3.

Со гол од игра и од седум метри на Валадао, па Плаза од контра со третиот гол му донесоа на домаќините +1. Барса со инвидуалностите на Карабатиќ за неполна минута го врати водството (5:6). Тимот на Чави Пасквал ја среди одбраната, Штербик одбрани две топки и Нодесбо во 11 минута ги одлепи каталонците на 6:9. За живо чудо минаа скоро шест минути со серија на технички грешки и дури во 17 минута, данецот Нодесбо и Лазаров годат за +4 за гостите. Гаралда побара тајм-аут и по одморот Роиг со два гола ја спушти дистанцата на -3 за Гвадалахара. Мини-серијата на домаќините продолжи откако Мојано го одбрани седмерецот на Рутенка, а Валадао со нов гол намали на 9:11. Гостинскиот стручен штаб забележа дека ракометарите на Барселона го спуштија темпото и во 26 минута при 11:13 побараа минута одмор. По само еден гол во 9 минути, Барса преку ветеранот Хуанин Гарсија зголемува на 11:14, па Дани Сармиенто на скоро идентичен начин зголеми на +4. Со 11:15 и збркана игра на фаворитот се отиде на одмор.

Почетокот на вториот дел требаше да ги разреши дилемите околу победникот. Барса нагази и со четири гола во четири минути ја одржуваше и зголемуваше предноста. Нодесбо и Сармиенто делуваа најрасположено кај Барселона. Играта стана се позбркана и техничките грешки ги имаше од двете страни. Капитенот Виктор Томас со гол од неговата специјалност, контранападот, ја доведе Барса до пристојни 19:23. На средината од вториот дел, Барса пак преку инвидуалните квалитети полека се одлепи и на 21:26 (гол на Гарсија) Матео Гаралда побара минута одмор. Леворакиот Гурбиндо првиот гол го постигна во 46 минута за 22:27, па Томас од контра на истата таа десна страна за прв пат ја донесе предноста на +6. Гвадалахара беше скршена и пак Томас и Нодесбо кои имаа своја вечер погодија во серија за 23:30. Противникот беше „скршен„ и до крајот се чекаше дали Барса пак може до својот просек од 40 тина гола. Хавиер Пара со два гола го враќа ритамот на плавите до 25:31 во 53 минута. Но во последните пет минути Карабатиќ и Нодесбо ја направија победата на шампионот убедлива до 27:35. До крајот домаќините успеаа со уште еден гол да ублажат до финалните +7 за Барселона. Во победничката екипа Нодесбо постигна 10 гола од исто толку обиди, капитенот Томас погоди 6 пати, а Хуанин Гарсија бепе автор на 5 гола. Нашиот Кирил Лазаров играше многу малку и постигна 1 гол од 2 обиди. Нова победа на првакот и чекор напред кон доближувањето до посакуваната форма. Кај Гвадалахара блескаше Енрике Плаза Лара со 8 гола.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share