hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Наполнета мрежата на Тун за прва европска победа

kire protiv tun

Барселона - Тун 45:26 (21:14)

Четири месеци по четвтфиналниот меч со Атлетико Мадрид минатата сезона, Лигата на шампионите се врати во „Палау Блауграна„ Против швајцарскиот првак Тун, Лазаров и другарите требаше да го исправат пропуштеното од мечот со Вардар минатата недела. Швајцарците подобро го отворија мечот и гркот Георгијас Калкидис два пати погоди за водство на Тун.

Од стартниот тим на Барса, французинот Карабатиќ одлично започна и со серија на голови израмни на 5:5 во 7 минута. Сармиенто и Саубиќ го носат првото водство од +2 на Барса, во мини-серија од 5:1 за екипата на Пасквал. И со двајца ракометари помалку, гостинската екипа постигнува два гола и Франиќ намалува на 8:7. Само што влезе во игра Лазаров, постигна два гола за 13:10 за Барселона во 17 минута. По серија на технички грешки Раул Ентрериос и Виктор Томас ја носат највисоката дистанца од +5 во 22 минута (16:11). И Рутенка влезе во игра и веднаш во ритам и погоди седмерец за 17:11, па Страновски „фати„ контра и за минута-две, предноста порасна на 7 гола. Тогаш по исклучувањето на Нодесбо, погодија во серија Линдер и Штубер за 18:13. Но Лазаров веќе беше во препознатлив ритам и од четвртиот удар, постигна четврт гол за 19:13 во 28 минута. До одморот уште Страновски постигна 20 гола за Барса, а филигрански цепелин изведоа швајцарците за гол на Линдер и 21:14 на полувреме.

Почетокот на вториот дел беше доволен предноста на каталонците да стане двоцифрена и недостижна. Ритамот го фатија буквално сите избраници на Пасквал. Рутенка, Раул Ентрериос, па и Гурбиндо со два гола донесоа 32:21. Нашиот Лазаров максимално ја користеше секоја топка и со уште дба гола дојде до своето дневно „мени„ од 6 гола. Домашниот тренер инсистираше неговата екипа да игра со максимална концентрација и да го достигне нивото од 40 гола. Шариќ нареди 4-5 одбрани во серија и со четвртиот гол на Хуанин Гарсија во последните 10 минути се влезе со 36:22. Со вториот гол на Саубич и петтиот на Карабатиќ, домашната екипа дојде до 15 разлика. Егзибицијата на Барселона брзо го донесе и четириесеттиот гол, а Арињо од контранапад предноста ја покачи на +17 во 57 минута. Гурбиндо со третиот гол мечот го внесе во последната минута со 44:25 за големиот фаворит.

Првата победа на Барселона со голот на Арињо на 8 секунди до крајот, го затвори мечот со убедливи 45:26 и добра најава за мечевите кои следат, пред се за гостувањето во Париз за 20 дена. Во победничката екипа сите кои добија шанса се запишаа меѓу стрелците. Најефикасни беа Карабатиќ и Лазаров со по 6 и Страновски со 5 гола кај Барселона, а Линдер даде 7 гола за поразениот Тун. Веќе в среда Барселона му се враќа на првенствените обврски во ASOBAL лигата и му гостува на Гвадалахара.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share