hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

По истиот рецепт, Барса лесно го прескокна и Адемар Леон

kire240920133

Барселона - Адемар Леон 37:23 (18:8)

Три дена по ремито со Вардар Про, ракометарите на Барселона имаа домашен тест во „Палау Блауграна„ против подмладениот Адемар Леон, кого го совладаа во 12 последни меѓусебни дуели. По половина минута, Карабатиќ украде контра, а словакот Мартин Страновски го отвори резултатот.

Сериозниот пристап на фаворитот во мечот, доведе брзо словакот и Гурбиндо да зголемат на 3:0, а Шариќ да одбрани седмерец. Русинот Татаринцев со соло продор го прекина ритамот на каталонците за 4:2 во 6 минута. На голот на гостите Ашавин поврза две интервенции и Кастро од полуконтра намали на 4:3. Но реакцијата на момците на Пасквал ја навести Шариќ, а Карабатиќ, Томас и Страновски набрзина ги вратија најспокојните +5. Искусниот чувар на мрежата Даниел Шариќ собра 6 интервенции во 12 минути, а Карабатиќ со лоб од седум метри зголеми на 9:4 во 14 минута.

Лесно беше скршен отпорот на екипата од северна Шпанија и Гурбиндо со вториот гол, зголеми на 10:4. Кога Раул Ентрериос со својот втор гол предноста ја донесе до +7, гостинскиот тренер Даниел Гордо Риас побара тајм-аут. Францускиот ас Никола Карабатиќ силно мотивиран погоди по четврти пат за највисоки 12:4 на крајот од 17 минута. Лазаров кој влезе во игра на средина од првиот дел се запиша меѓу стрелците во 22 минута за 14:6, а со два гола од линијата одговори бразилескиот пивотмен Алмеида. Дури и по исклучувањето на Виран Морос, Барса беше непрокосновена и Лазаров украде една топка и во 26 минута со лоб удар ги донесе највисоките 16:7. Кога Рутенка влезе во игра и реализира два седмерци во последната минута од првиот дел, Барса влезе со двоцифрена предност (18:8). Со тие убедливи +10, екипата на Паксвал уште на полувреме ги впиша бодовите од овој меч.

Вториот дел започна со петтиот гол на расположениот Карабатиќ, а и Штербик ефектно одбрани седмерец (19:9). Не им требаше многу време на домашните уште повеќе да побегнат. Сармиенто и Арињо со првите голови во мечот, зголемија на 22:9, пред аргентинецот Кароу да погоди од линијата за десеттиот гол на Адемар Леон. Кастро единствен можеше да ја држи дистанцата околу 10 гола и со неговата „бомба„ во 43 минута Адемар Леон намали на 25:17. Комлетниот изменетиот тим на Барса по 4 минути без гол, преку младиот Балагуер Ромеу погоди за 26:17. На атрактивен начин со цепелин Алонсо намали на 29:19, пред Хуанин Гарсија да го постигне својот прв гол, а триесетти за Барса. Рутенка кој имаше лош процент на шут од игра, дури во 52 минута го постигна првиот гол (без седмерци) за 31:21.

Секој обид гостите да се доближат под 10 разлика, го сопираше Штербик кој одбрани три седмерци во вториот дел. Брзите акции на двете екипи носеа голови по само 10 секунди од секој напад. На голот на Кастро, реплицираше Гарсија за 34:22 на пет минути до крајот на мечот. Предраг Дачевиќ со четири гола во вториот дел го поправи впечатокот, но разликата пак беше околу 10 гола (34:23). Во неполни 5-6 минути ветеранот Хуанин Гарсија постигна три гола од игра и еден од седмерец за 37:23. Скоро со звукот на сирената Кирил Лазаров од 11 метри на ефектен начин ја „затвори приказната„ и ја доближи Барса до својот просек од 40 гола за 60 минути игра. Во екипата на Барселона Карабатиќ постигна 7 гола, по 4 придодадоа Сармиенто и Страновски, а Лазаров кој играше близу 20-25 минути беше автор на 3 гола од 4 обиди, а имаше и 1 асистенција. Извонредни беа и двајцата голмани Даниел Шариќ во првото и Арпад Штербик во второто полувреме. Кај Адемар Леон младиот русин Татаринцев беше стрелец на 5 гола како и Виктор Алонсо, а Дачевиќ постигна 4 гола. Максимални 6 бода од првите три кола за главниот и единствениот кандидат за титулата во ASOBAL лигата, Барселона на Кирил Лазаров.


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share