hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кастратовиќ и Пасквал едногласни: „Вардар беше одличен„

katstratovic

На средбата со новинарите по завршувањето на мечот, двајцата тренери беа едногласни дека Вардар заслужи да остане непоразен и Барса беше лимитирана, благодарение на одличниот македонскиот првак, кој оваа година и во Европа може да игра важна улога

„Денеска сум горд што во мојот деби со вицешампионот на Европа можам да кажам дека сум предводник на млада група луѓе кои оставија срце на терен. Има луѓе кои ке бараат влакно во јајцето, но тоа е тоа. Денеска дадовме максимум, Барселона ја сведовме под 30 гола и затоа успеавме. Играчите денеска направија европско изненадување. Благодарност и до публиката која беше осми играч на теренот. И ние имавме подеми и падови, но подемите беа во вистинско време" рече тренерот на Вардар, Зоран Кастратовиќ „Знаевме дека овој меч ќе биде тежок, дека е прв во ЛШ, и дека не играме дома. Имавме успони и падови во текот на целиот меч. Последните 15 минути од првиот дел и вторите 15 од втортот дел покаѓавме вистинско лице. Во останатиот дел не покажавме ништо ни во одбрана ни во Вардар. Не е до Барселона, до Вардар е, кој покажа денеска колку вреди. Навистина е тешко да се игра пред оваа публика", рече Хавиер Пасквал.

 

Share