hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова егзибиција на Барса, како опомена за Вардар

kire vest 1909201333333

Вила де Аранда - Барселона 20:44 (9:21)

Ако по првите два натпревари може да се предвиди како ќе изгледаат натпреварите на Барселона во ASOBAL лигата, тогаш дефинитивно нема да им биде лесно на противниците. Две победи, просечни 40 гола по натпревар и егзибиција во секоја од 60 минути.

На првото гостување во лигата кај Вила де Аранда, екипата на Лазаров авторитетно од стартот ја наметна целта лесно да го скрши противникот. Во првите 7 минути, Карабатиќ (2 гола), Гурбиндо и Виктор Томас го најавија „бродоломот„ на домаќините (0:5). Илија Сладиќ по тајм-аутот дури по неполни 9 минути го постигна првиот гол за Вила де Аранда. Но французинот Карабатиќ дефинитивно беше расположен и со уште два гола низ одбраната на Вила де Аранда зголеми на 3:9. На секој гол на домашната екипа, каталонците постигнуваа по три. Карабатиќ веќе имаше 6 гола во 20 минута, а брзо откако влезе во игра и Кирил Лазаров ги намести „нишанските справи„ и погоди два пати по еднаш од игра и од седум метри за 6:15 во 23 минута. Со тоа темпо до одморот на забавата му се приклучија и Сорондо и Јоан Саубиќ и со огромни 12 гола предност, Барселона замина на одмор.

За промена вториот дел добро го почнаа ракометарите на Вила де Аранда. Гонзалез и Гарсија Пертуса постигнаа три неодговорени гола за 12:23. Но ако во првиот дел главната опасност беше Карабатиќ, во продолжението се разигра Рутенка, редовните голови од контра ги погодуваше Виктор Томас и во 40 минута, Барса дојде до највисоките 14:28. Крилото на Вила де Аранда, Мартинез Рамос само ја прекина серијата од 5 минути без гол на домашната екипа, пред црвено-сините пак да почнат да се забавуваат. Меѓу 41 и 45 минута Барса погоди четири пати во серија, со два гола и на нашиот Лазаров. Во последната четвртина од мечот, како разликата да одеше со двоен размер во полза на Барселона.

И словакот Мартин Страновски со два гола се запиша меѓу стрелците за 17:35 на неполни 9 минути до крајот. Во последните 10 минути и физички Вила де Аранда се предаде и Рутенка го дотолчи противникот. Финалните 24 разлика, реално покажуваат како стоеа работите на теренот. Во победничката екипа по 6 гола постигнаа Карабатиќ и Томас, 5 додаде Рутенка, а по 4 на своето конто забележаа Лазаров, Сармиенто и Сорондо. Барселона по две победи во ASOBAL лигата, со чартер лет в петок стигнува во Скопје во европското деби со Вардар.

Комплетниот извештај можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share