hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО + ВИДЕО: Лазаров и ракометните шампиони на Барса на Ноу Камп

kamp mou 0

По стариот добар обичај на шпанските спортски друштва, ракометната секција на Барселона беше гостин на фудбалската на полувремето од мечот од 4 - коло на шпанската Ла Лига меѓу Барселона и Севиља. Избраниците на Хавиер Пасквал ги претставија двата трофеи освоени во првиот дел од сезоната пред близу 76.000 луѓе.

 Каталонската публика со аплаузи ги поздрави Лазаров, Рутенка, Карабатиќ и останатите кои учествуваа во освојувањето на IHF Суперглоб турнирот во Доха и ASOBAL Суперкупот во Ваљадолид. Овој пат ракометарите заедно со своите најмлади го следеа фудбалскиот меч, кој Барса го доби со 3:2. Најверојатно ова нема да биде последен пат како ракометарите ги претставуваат своите одличја оваа сезона. Барса е во потрага по уште пет трофеи во ракометните натпреварувања.

Camp Nou_2 Camp Nou_3 Camp Nou_4 Camp Nou_5

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share