hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса со лесна победа тргна по четврта ASOBAL титула по ред

kire 14092013

Барселона - Сиудад Енкантада 41:21 (21:7)

Првиот меч во новата сезона во „Палау Блауграна„ Лазаров и другарите и тоа како го сватија сериозно. Против гостинот од Куенка запнаа од првата минута и дури во 11 го примија првиот гол. До тогаш Сорондо и Рутенка со по два гола ја најавија голеадата (5:0). Гонзало Вискович од седмерец го постигна првиот гол за Сиудад Енкантада. Но на Рутенка и на Сорондо му се придружи и Раул Ентрериос и на половина од првиот дел, избраниците на Чави Пасквал имаа убедливи 9:2.

Разликата во класи беше така очигледна што во 70 секунди, каталонците дадоа уште три гола. Хуанин Гарсија, Раул Ентрериос и Сергеј Рутенка носат двоцифрена предност по само 17 минути игра (12:2). Ниту тајм-аут не ги спаси гостите и Арињо и четвртиот гол на Рутенка ја подигнаа серијата на Барса на 7:0 и предноста на 14:2. Дури во 23 минута при 16:2, гостите преку Леон Давид постигнаа трет гол во скоро едно полувреме. Тогаш Сиудад Енкантада го проби менталниот блок и со три гола по ред, се обиде достоинствено да го заврши првиот дел (16:5). Но Барса пак „нагази„ и младите Беленгер и Арињо, плус Нодесбо и Сорондо од позициони напади ја вратија убедливоста за 20:5 во 28 минута. Со огромни +14, првакот замина на одмор со решени дилеми околу победникот во мечот.

Во вториот дел тешко беше да се очекува друга приказна. Барса доминираше и покрај ротацијата на Пасквал, па скоро сите ракометари брзо се запишаа меѓу стрелците. Се разигра и Никола Карабатиќ и со два гола во 38 минута зголеми на 28:14. Со пет гола за 40 минути само Лео Давид го следеше ритамот на домашниот дрим-тим и намали на 29:15. На половина од вториот дел со голот на Хуанин Гарсија, предноста на домашната екипа беше двојно поголема (33:16). Кирил Лазаров кој го одигра вториот дел, со спектакуларен скок-шут ефектно годи за 35:18 во 50 минута.

Просекот од 40 гола по натпревар, црвено-сините го остварија во 59 минута со третиот гол на Лазаров во мечот. До крајот Нодесбо од линијата ги постави финалните +20 за екипата на Хавиер Пасквал, во меч кој веројатно беше само прва од двете генералки пред гостувањето во Скопје против Вардар на дебито во Лигата на шампионите. Нашиот Кирил Лазаров во првиот негов меч во „Палау Блауграна„ во дресот на Барса, постигна 3 гола и имаше уште 2 асистенции. Лесна победа на стартот на новата ASOBAL лига на фаворитот Барселона, во обидот да ја освои четвртата титула национален првак по ред.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share