hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров за Барса ТВ: „Мечот со Вардар ќе биде посебен за мене„

barca adn2

За прв пат откако стана член на Барселона, Кирил Лазаров гостуваше на тематскиот канал Барса ТВ и говореше на сите актуелни теми поврзани со неговиот премин во Каталонија, неговата кариера и личност. Еве дел од заклучоците на Лазаров на поставените прашања кон него:

„Го чекам нестрпливо мојот прв меч во „Палау Блауграна„ откако игравме надвор од Каталонија и добро се подготвувавме во минатиот период. Да се игра во „Палау Блауграна„ воопшто не е лесно за противниците, посебно сега кога создадовме многу моќна екипа. Ние треба да го искористиме фактот што имаме супер екипа и да играме забавен ракомет и да привлечеме што е можно повеќе гледачи. Имам искуство од настапи во Унгарија, Хрватска, Македонија и можам да ви кажам дека во Шпанија се игра многу квалитетен ракомет. Овде се трча, се размислува и тактички се игра на високо ниво. На пример германската лига исто така е квалитетна, но таму не се размислува толку, се трча и се шутира. И затоа мечевите во ASOBAL лигата ќе ни послужат многу во обидот да се подготвиме за нашата главна цел - освојување на Лигата на шампионите. За мене ракометот е спорт на интелегентни луѓе и иако сум тука прва сезона претходно минав три сезони во Атлетико Мадрид и во последните неколку години многу често игравме против Барса, така да знам многу работи за мојот нов клуб.

barca adn1

Други работи научив штом дојдов тука и мислам дека сме екипа која треба повеќе да размислува за себе си, одколку за противничката екипа. За Пасквал можам да кажам дека ми даде доверба да играм во одбрана. И тој и Талант се два големи тренери од кои може многу да се научи и веќе многу научив. Едниот е бивш голем ракометар кој размислува во одредени ситуации како да најде решение, а вториот Паски можам да ви кажам дека практично 25 часа дневно размислива за ракометот. IHF Суперглоб за мене е голем трофеј. Го освојувам втора година по ред, по успехот со Атлетико Мадрид минатата сезона и наредната година пак ќе се обидеме. Лигата на шампионите е главната цел но имаме многу цели, многу натпревари и треба да одиме ден по ден, меч по меч до остварувањето на зацртаното.

barca adn4

Секоја година има повеќе и повеќе клубови кои можат да запретат. Тука е Киелце, тука се германските, француските екипи, екипите од мојата Македонија, па можам да кажам дека наши ривали ќе бидат Кил, Хамбург, Киелце и уште многу, многу други. Наредната недела мечот со Вардар ќе биде посебен за мене. Ракометот во мојата земја е многу популарен спорт, репрезентација учествува на сите големи собири, сега две екипи од ист град за прв пат играат во Лигата на шампионите. Мечот против мојот брат е исто така посебен за мене, посебно што тој е и капитен на таа екипа. Во споредба со екипите во кои настапував, мислам дека ова е најсилната екипа во која сум бил во кариерата.

barca adn3

Седумката ми е среќен број и со оглед на тоа што не можам да ја носам тука, носам друг број кој има седумка во него. Дали е 17,27 или 77 не ми е многу важно, важно да има седумка во бројот, а оваа година се бориме за седум титули. Одсекогаш сум го сакал морето, и како мал, а и сега, па живеам крај море во Кастелдефелс и тоа ми дава многу радост и енергија. Од секогаш ми се допаѓал фудбалот и од мали нозе навивав за Барселона и за Милан. Од двете екипи ми се допаѓаат Диего Армандо Марадона и Звонимир Бобан„ заврши Лазаров во спонтаниот разговор полн со шеги и задоволни лица во студиото на Барса ТВ.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

 

Share