hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Суперкуп егзибиција на Барса и Лазаров

kire super kup 06 092013

Барселона - Натурхаус ла Роха 40:31 (19:12)

Во спектакуларна атмосфера во Ваљадолид, Барселона и Натурхаус Ла Роха за влог го имаа пехарот од ASOBAL Суперкупот на Шпанија. Капитенот на каталонците Виктор Томас со два гола во раната фаза, најави кој е фаворит во оваа пресметка (2:1). Во раната фаза, Барса ја „затвори„ одбраната, а Дани Сармиенто со два гола низ одбраната на екипата од Логроњо го донесе највисокото водство (5:2).

По истиот принцип само Педро Родригез Алварез парираше, а Томас со уште два лесни гола од контранапади, ја удвои предноста до 8:4. Натурхаус немаше решение за црвено-сините и се разбуди и Карабатиќ со својот прв гол за 10:4 во 13 минута. Маласинскас и Рафаел да Коста Капоте потрошија многу топки и го разбранија Даниел Шариќ на голот. Неверојатниот Томас подготви уште една молскавична контра и лесен четврт гол на Сармиенто за највисоки +7 за светскиот првак. За половина од првиот дел крилата на Пасквал постигнаа 7 гола, а на истите позиции бело-црвените погодија само еднаш. Транзицијата на шпанскиот првак беше супер брза и навестуваше повторно близу 40 гола во мрежата на противникот. Карабатиќ од спротивната страна „бомбардираше„ за 14:7 во 20 минута. Лазаров се приклучи кон забавата и во 21 минута погоди за највисоки +8 за фаворитот. На 7 и пол минути до одморот, гостинскиот тренер Хесус Гонзалез побара минута одмор да ја консолидира својата грогирана екипа. Веласко само за момент ја прекината серијата без крај на каталонскиот гигант. Лазаров веднаш со скок шут ја врати највисоката предност (17:9), пред бразилецот Тиагус Петрус да погоди од 10 метри. Кога Гарабаја по втор пат погоди од линијата против својата бивша екипа, Пасквал побара минута одмор при 17:11. Лазаров и по трет пат погоди за 18:11 во 28 минута. Меѓу стрелците се запиша и Рутенка со гол од седум метри и со две одбрани на Шариќ, првиот дел Барселона го доби со 19:12 во доминантно и авторитетно издание.

Вториот дел започна со голот на Едуардо Гурбиндо низ зоната и на Раул Ентрериос низ полуконтра за огромни 21:12. Рутенка и Сорондо на два пати од шест метри во 36 минута, носат огромни 24:15. За рекордни +10 Ентрериос го лобуваше голманот Хорхе Мартинез скоро од цел терен. Само кубанецот Паван својот трет гол го спречи каталонскиот ритам (26:16). Во најголемата серија на Натурхаус од 3:0, погоди Педро Алварез за 26:18. Карабатиќ на половина полувреме ја прекина серијата од 5 минути без постигнат гол на Барса и зголемува на 27:18. Французинот нанижа пет гола и видлива беше неговата мотивираност во новиот дрес. Но инерцијата на мечот ги понесе ракометарите на Натурхаус да играат похрабро и почесто да шутираат. Маласинскас и Павон со серија на голови намалија на 28:22 во 48 минута. Но пак фаворитот „нагази„ и Томас и Хуанин Гарсија носат високи 31:24 во 50 минута. Лазаров се врати на теренот во последните 8-9 минути и веднаш погоди во негов стил за 33:25. По голот на Саубич, пак Лазаров со скок-шут од централна позиција погодува по петти пат за +9 за каталонците.

Меѓу головите на Лазаров и Карабатиќ, предноста на црвено-сините растеше и капитенот на нашата репрезентација стрелаше за 37:27 во 55 и за 38:27 во 56 минута. 40 гол за Барса на 70 секунди до крајот беше дело на вечерва одличниот Даниел Сармиенто (40:30). До крајот Педро Родригез Алварез со својот седми гол ги постави финалните 40:31 и лесна и убедлива 16 Суперкуп титула од 28 учества во ASOBAL Суперкуп дуелите за Барселона на Хавиер Пасквал .
Најефикасни во победничката екипа беа Лазаров со 7 (најдобар стрелец) и Карабатиќ (најкорисен играч) и Томас со по 6 гола, но сите елементи во машинеријата на Пасквал беспрекорно функционираа. Кај Натурхаус ла Роха, Педро Алварез постигна 7, а Павон и Тиагус Петрус беа солидни со по 5 гола. Одлична најава за новата ASOBAL лига од Лазаров и неговата Барселона.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share