hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Два тима во најсилниот Куп е одлично за мак-ракометот„

kire vest 05 08 2013

Иако во главата ја има наредната цел и освојувањето на ASOBAL Суперкупот, Кирил Лазаров во краткото интервју за весникот „Нова Македонија„ се осврна на уникатната можност два пати да гостува во Скопје во натпревари од Лигата на шампионите.

„Искрено посакувам и Металург и Вардар да ја поминат групната фаза во Лигата на шампионите, што би било уште еден голем плус за нашиот спорт, нашата спортска иднина и, секако, за нашите навивачи. Секој клуб, кој е дел од групната фаза, треба да се почитува. И Металург и Вардар се квалитетни екипи, па да се прогнозира однапред кој каде би завршил на крајот е неблагодарно.

Сезоната е долга„ изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, член на Барселона. Актуелниот вицешампион на Европа, шпанска Барселона, во годинешнава ЛШ е во групата Ц, заедно со македонските претставници Металург и Вардар. Тоа значи дека љубителите на ракометот во Македонија дури двапати ќе имаат можност во живо да ги гледаат каталонската екипа и леворакиот бомбардер Лазаров.

„Тоа што во ЛШ има дури два македонски клуба, секако, е голем плус за македонскиот ракомет и воопшто за македонскиот спорт. Се надевам дека преку вакви мечеви и нашата репрезентација ќе добие уште поголем квалитет и потребно искуство за подалечни дострели на европско и на светско ниво„ вели Лазаров.

Десниот бек на Барселона смета дека годинешнава ЛШ ќе биде една од најсилните досега „Од година на година ракометот оди во нагорна линија, со сѐ повеќе квалитетни тимови. Можеби ова ќе биде и најсилната ЛШ досега. Патот е долг и полн со пречки, но ќе треба да се изоди. Што се однесува до Барселона, мислам дека сме на вистинскиот пат. Во Катар покажавме дека и со недоволна уиграност, но со голема верба и борба, може да се стигне до титула. Ни останува да работиме и да растеме како екипа. Сметам дека можеме да бидеме за 30-40 отсто подобри како екипа отколку што сме во моментов„ рече Лазаров.

Share