hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Барса од едно до друго финале

kire pehar

По освојувањето на IHF Супеглоб, ракометарите на Барселона вчера се вратија во Каталонија, имаа само еден слободен ден и веќе од денес започнуваат подготовките за ново финале. Имено наредната сабота во Ваљадолид, првакот Барселона против финалистот на Купот Натурхаус Ла Роха ќе играат за титулата во ASOBAL Суперкупот.

Тимот на Хавиер Пасквал од денес па во наредните четири дена, секојдневно ќе тренира во Палау Блауграна, за во четврток да замине во Ваљадолид. Во петок на програмата покрај редовната тренинг сесија е и гала вечерта на ASOBAL на која ќе бидат прогласени најдобрите за минатата сезона 2012/13, а нашиот Кирил Лазаров ќе ја добие специјалната Powerade награда за најмногу настапи во официјалните мечеви на ASOBAL минатата сезона.

Share