hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Само небото е граница за Барса и за Лазаров

kire karabatic

Барселона - Хамбург 27:25 (15:13)

Скоро три месеци по поразот во финалето на Лигата на шампионите, Барселона во меч со голем влог имаше шанса да му се ревншира на Хамбург и да го освои единствениот трофеј кој недостига во витрините на славниот каталонски клуб. За прв пат откако заминаа од Атлетико Кирил Лазаров и Јоан Канељас се соочија еден против друг, а двајцата во црвено-белиот дрес, слевеа во Доха во ланското финале против Кил.

Германците пак добро почнаа и Ханс Линберг и Жарко Марковиќ ги доведоа до водство од 1:2. Реакцијата на каталонците беа головите на крилата Саубич и Хуанин Гарсија. По исклучувањето на Јоан Саубич и со човек помалку Раул Ентрериос по трет пат израмни на 3:3. Скоро секој напад завршуваше со гол, па на проектилот на Хенс, одговори Седрик Сорондо од линијата. Во 9 минута со голот на шпанецот меѓу германците, Јоан Канељас за прв пат, европскиот првак побегна на +2. Ентрериос најнапред намали, па израмни, Штербик се разбрани на голот и Барселона се приклучи на 6:6 во 12 минута. Домагој Дувњак во свој стил, со соло продор го врати водството за екипата од северна Германија (8:7). Но по исклучувањето на хрватот кое следеше, најнапред Виктор Томас од крилна позиција израмни, па ги доведе црвено-жолтите во прво водство (9:8). Барса имаше и опција да замине на +2, но Рутенка на кого не му тргна од самиот старт, беше прочитан од Јохан Битер од седум метри. Така промашувањата на белорусинот, ги казни Јансен за 10:10 во 21 минута. Кирил Лазаров во 23 минута влезе во игра да го изведе седмерецот, кој го изнуди Гурбиндо и ладнокрвно го лобува Битер за гол со човек помалку за Барса (11:12). Минута подоцна Карабатиќ спушти за Нодесбо и за прв пат, момците на Пасквал имаа два гола предност. Моралот порасна кај шпанците и Карабатиќ и Гурбиндо постигнаа два одлично изработени голови за 15:12 во 27 минута. И по исклучувањето на Дани Сармиенто, Барселона го сочува водството до одморот, па на 9 секунди до одморот несватливо не беше признат седмерецот на Лазаров и наместо со 3, на одмор се отиде со 2 гола дистанца меѓу екипите.

kire penal finale

Од стартот на вториот дел , Лазаров се појави во игра, а на голот застана Даниел Шариќ. Токму нашиот ас од седум метри во 32 минута зголеми на 16:13. Ризичната и на моменти груба игра на германците, донесе второ исклучување на Дувњак и проблеми за тренерот Швалб до крајот на мечот. Но плавите со два неодговорени гола на Линдберг се доближија на -1. Во збркан дел од мечот, полн со технички грешки, Томас од надворешна позиција погоди за 17:15 во 37 минута. Капитенот по убава комбинаторна акција на Лазаров и Карабатиќ ги врати највисоките +3 во 40 минута. Кога во следниот напад Карабатиќ реализира контра, резултатот гласеше 20:16. Само Линдберг го одржуваше германскиот тим во мечот и со уште еден реализиран седмерец намали на 20:17. Дувњак и Битер со своите одбрани го доближија европскиот првак до 21:20 на 14 минути до крајот на мечот. Но по исклучувањето на Доминиковиќ, Лазаров со својот трет гол од седум метри го враќа спокојот со 22:20. На „бомбата„ на Карабатиќ возврати Канељас, а само што влезе во игра резервниот голман Клеверли, го одбрани седмерецот на Лазаров. Германците имаа два напади за израмнување, но Шариќ фантастично одбрани. Карабатиќ од казнен удар не го совлада данецот Клеверли, за уште поголема драма. Но затоа Сармиенто најде вистински момент за својот прв гол за 24:22 во 53 минута. Сорондо во паѓање со својот втор гол ги одржа најчестите +2 на само пет минути до крајот. Тогаш Лазаров со ефектен гол преку зоната ја „скрши„ желбата на европскиот првак за нов подвиг (26:24). Тимот на Швалб не се предаваше и на 90 секунди до крајот влезе со заостанување од само еден гол. По три обиди во кој Битер бранеше, Нодесбо на 27 секунди до звукот на сирената обезбеди седмерец за одлука. Рутенка со својот прв гол ја најави прославата на првата светска круна за славната Барса. Со доминантно издание во поголем дел од мечот, Барселона му се реваншира на Хамбург за поразот во финалето на Лигата на шампионите и по втор пат една шпанска екипа е на врвот на ракометниот свет. Втор пат и Кирил Лазаров е светски клубски првак, што е голем момент во неговата блескава кариера.

Во тимот на Барселона дури 11 ракометари се запишаа во листата на стрелците. Томас со 5 и Лазаров со 4 гола беа најефикасни, но баш овој меч ја одсликува колективната сила на оваа екипа, ширината на клупата, двата фантастични голмани, играта во одбрана. Кај Хамбург Линдберг со 7 и Дувњак со 4 гола се издвоија од останатите, а добар меч одигра и црногорецот Марковиќ.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

 

Share