hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Европско финале на мундијалот во Доха

KirilLazarov.30 09

Барселона - Ал Џаиш 40:31 (20:14)

За прв пат во својата историја, големата Барселона ќе игра во финалето на мундијалот за клубови во Доха. Победата против катарскиот Ал Џаиш во ниту еден момент не беше доведена во прашање (иако Ал Џаиш имаше одлични моменти во мечот) и за титулата Барселона ќе има можност да му се реваншира на Хамбург за јунскиот пораз по продолженијата во финалето на Final four во Келн.

Од самиот старт на полуфиналето во „Ал Гарафа„ арената беше извесно дека овој пат Барселона нема ниту на момент да му дозволи на противникот да го диктира резултатот и психолошката предност. Лазаров и Раул Ентрериос многу лесно ја пробија одбраната на катарците за брзи 4:1 на стартот од мечот. Нашиот ас лесно се прилагоди на противникот и неговите асистенции и голови цело прво полувреме му создаваа грижи на одбраната на Ал Џаиш. Данскиот голман Дан Бетлер никако не успеваше да ги сопре црвено-сините. Томас погоди за 7:3, па Лазаров реализира два седмерци за 14:7. Во екипата на Ал Џаиш Мабрук и Рогановиќ возвраќаа, но играта во одбрана не им беше силна страна на катарците. Така во првиот дел Барса постигна дури 20 гола, а тешко која екипа во денешниот ракомет, може да се надигрува и надтрчува со тимот на Пасквал. +6 на полувреме беше само најава дека оваа шанса, каталонците нема да ја испуштат.

Ел Ахмар од седум метри го постигна првиот гол во продолжението, па Ахмед Камир од контранапад и домаќините намалија на 20:16. Борбената екипа која играше на домашен терен, носена од ентузијазмот преку кружниот напаѓач Буменжел се доближи на 21:18 и го принуди Пасквал на тајм-аут. Седрик Сорондо веднаш ја прекина серијата на Ал Џаиш, но брзата игра на катарците го збуни фаворитот. Едно исклучување беше доволно Рогановиќ да го донесе Ал Џаиш до 22:21. Катарската екипа имаше и напад за израмнување, но од ре-контра Сорондо погоди за 23:21, па Сергеј Рутенка од неговата позиција и од седмерец зголеми на 25:22. Во централната фаза од вториот дел крилата добија значајна улога. На голот на Роганович, возврати гостинскот капитен Виктор Томас за 26:23, па Гурбиндо го врати спокојот за +4 во 45 минута. Барса се врати во ритам и кога Рутенка по трет пат погоди во пет минути, при 28:24, стручниот штаб на Ал Џаиш побара тајм-аут.

Во последните 10 минути, европјаните влегоа со извесна, но не и одлучувачка предност од 4 гола. Томас од контранапад погоди за 30:26. Тунижаните во екипата на Ал Џаиш, Осман и Слим Хедуи со проектили се доближија на 31:29 во 52 минута. Барса стана поагресивна во одбраната, Шариќ два пати интревенираше, Хуанин Гарсија улови две контри и пак работите дојдоа на свое (33:29). И во наредните два напади, одбраната на Барса одолеа на катарските инвидуалности и Томас и Рутенка го направија одлучувачкиот исчекор кон победата (35:29). Во серија од 5:0 за европјаните, погоди и специјалистот за одбрана Виран Морос за +7 на пет минути до крајот. Следеа два гола на Јоан Саубич за 39:30 на 90 секунди до сирената. Физички беспрекорната Барселона пак лесно стигна до 40 гола на натпревар, а со таков напад нема тим на светот кој може да му даде повеќе од 40 гола на Штербик и Шариќ и каталонската одбрана. Рутенка од седум метри го заклучи мечот со финални 40:31. Во победничката екипа најефиксен беше Рутенка со 6 гола, по 5 постигнаа Лазаров, Хуанин Гарсија и Раул Ентрериос. Шариќ кој целиот меч беше на голот собра 14 одбрани. Санаи со 6 и Ел Ахмар со 5 гола оставија најдобар впечаток кај катарскиот првак Ал Џаиш. Во второто полуфинале, европскиот првак Хамбург се избори за своето прво мундијалско финале со победата против Етуал Спортив де Сахел со победата од 36:22 (16:9).


Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share