hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Лазаров налета на македонци дури и во Доха

kire qatar 27

Ракометарите на Барселона добија слободна вечер по победата над тунискиот првак Етуал Спортив де Сахел и во меѓувреме Лазаров и другарите ја искористија можноста за релаксација и подоцна вечера во „Кемпински„ хотелот во Доха. А со оглед на тоа што македонци има насекаде низ светот, Лазаров налета на Владимир и Елизабета.

Двајцата работат во далечниот Катар и обострано беше задоволството по нивната средба. Тие разговараа со нашиот ракометер и ќе стегаат палци за него и за неговата Барса во полуфиналните и финалните средби. Барселона утре има редовен тренинг од 12:30 часот, а противник во борба за влез во финалето ќе му биде катарскиот претставник Ал Џаиш. Мечот се игра в четврок вечер од 19:15 часот во Ал Гарафа арената во Доха.

Share