hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

На Барса и се доволни само пет минути

Sterbik arpad 01 Pillaud.v1377606477

Барселона - Етуал Спортив де Сахел 34:27 (11:12)

Со трета победа во групната фаза, Барселона и Кирил Лазаров според очекувањата обезбедија полуфинале на IHF Суперглоб во Доха. Против Етуал се помачија малку повеќе од предвиденото, но победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање.

На стартот како и во првите два меча, каталонците започнаа поспоро и предвидливо. Во првите 10 минути многу се грешеше, а Нидал Амри со два гола одржуваше егал (3:3). Со третиот гол на шутерот на Етуал, во 16 минута, тунижаните поведоа со 5:6. Словакот Мартин Страновски погоди два пати од крилна позиција, но со брзата транзиција, Етуал ја изненади Барса и до одморот имаше постојано водство. Дури кога Ами Банур погоди низ зоната во 26 минута, за прв пат Барселона имаше -3. Тогаш првиот гол го постигна нашиот Лазаров, а до одморот и капитенот Виктор Томас намали на 11:12. И ако на претходните мечеви, европскиот вицешампион често „нагазуваше„ и играше со максимална концентрација на почетокот на вториот дел, сега жилавиот ривал одолеваше. На вториот гол на Лазаров, одговори Зејнелебадин со два гола за 13:15 во 33 минута. Штербик влезе во ритам, Барса ја среди својата одбрана и набрзо се врати во позиција да игра за водство и победа. Ветеранот Хуанин Гарсија од контра во 37 минута го врати водството на 17:16, а и честите асистенции на Лазаров за Сорондо, носеа резултат и екипата на Пасквал дојде до 21:18 во 43 минута.

Никој во шпанскиот тим не очекуваше таков отпор, но квалитетот мораше да дојде до израз, а и покрај физичката спрема и инвидуалностите излегоа на површина. Меѓу 45 и 50 минута, Барселона направи серија од 7:0 и од 21:19, побегна на 28:19. Лазаров и другарите погодуваа од сите позиции. Се разбуди до тогаш мирниот Рутенка, Томас не знаеше за промашување од позицијата на десно крило, а и Лазаров го постигна третиот гол. Последните 10 минути беа чиста рутина. Со три гола на Арињо, првите голови на Карабатиќ со скок-шут и завршницата на молскавичниот Јоан Саубич, Барса дојде до рутински 34:27. Европската ракометна сила остави впечаток дека и се потребни 5-10 минути во висок ритам и концентрирана одбрана, да го реши победникот во мечот. Во тимот на Пасквал, по 4 гола постигнаа Лазаров, Хуанин Гарсија и Виктор Томас. Нашиот ас беше и одличен додавач со 4 асистенции. Штербак собра 9 интревенции, Сорондо, Карабатиќ и Арињо додадоа по 3 гола. Кај Етуал Спортив де Сахел најефикасни беа Зејнелабедин, Амри и Бен со по 4 гола. Со три победи во Б групата, Барселона ја исполни првата цел и го чека противникот во полуфиналето во четврток навечер од 19:15 часот по средноевропско време во Ал Гарифа арената во Доха.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

Share