hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса и Лазаров се загреваа со катарскиот Ал Рајан

kire vest 25082013

Барселона - Ал Рајан 38:25 (21:14)

Еден ден по пристигнувањето во Доха, главните фаворити за освојување на светската титула, звездите на Барселона за загревање лесно го совладаа катарскиот Ал Рајан. Во мечот кој претставуваше втор меч на овогодинешниот мундијал за клубови, екипата на Хавиер Пасквал славеше со 13 разлика, во меч во кој во ниту еден момент победникот не беше доведен во прашање.

Мохамед Алгерабали одлично го отвори мечот за домашната екипа и први поведоа ракометарите на Ал Рајан. Катарскиот тим континуирано водеше до половина од првиот дел, до 9:10 во 19 минута. Муса и Ал Ереби играа полетно и веројатно многу мотивирано. Но квалитетот и мотивите на Барса беа присутни и видливи во текот на целиот меч, посебно по бледиот старт. Рутенка и Томас со по два гола брзо го одлепија каталонскиот тим до 15:12, подоцна и Лазаров погоди за +4.

Цврстата одбрана на Барса лесно се снаоѓаше со катарците и капитенот Томас со три лесни гола ја донесе највисоката предност од +7 пред тајм-аутот на домашниот тренер Мохамед Алифје (20:13). Лазаров лесно погоди и од својот втор обид и со лесна инерција и предност од 6-8 гола, европјаните го приведоа мечот кон крај. Во првите три напади од продолжението, одбраната на Барселона профункционира и со три лесни гола од контранапад на Саубич, Хуанин Гарсија и Лазаров, предноста за прв пат стана двоцифрена (24:14). Тогаш се разигра нашиот репрезентативец и постигна три гола од неговата стандардна позиција за 25:17 во 38 минута. Мечот до самиот крај беше чиста рутина.

Искусната екипа на Барселона не ја испушти, туку ја зголемуваше двоцифрената предност. Финалните 38:25 покажуваат само дел од раскошниот талент на дрим-тимот од Каталонија, кој во просек постигнува близу 40 гола на секој натпревар ова лето. Во победничката екипа Лазаров, Томас и Карабатиќ постигнаа по 6 гола, Рутенка придодаде уште 4, а голманите Штербик и Шариќ заедно собраа 12 интервенции. Кај Ал Рајан двата бека Мохамед Алгерабали со 9 и Ал Ереби со 8 гола постигнаа голем дел од головите. Жилавата катарска екипа остави добар впечаток, но своја шанса ќе бара против другите две екипи во Б групата. Утре попладне по средноевропско време, Барселона игра со бразилскиот и јужноамерикански првак Таубате во вториот меч од Б групата.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share