hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров и Барса „одлетаа„ за Доха

kire za doha

Не минаа ни неколку часа од враќањето во раните утрински часови од Тулуз по победата во пријателскиот меч со истоимениот француски лигаш, Лазаров и неговиот нов клуб Барселона, одново се во авион. Пред каталонците е борбата за освојување на првиот трофеј во сезоната - IHF Суперглоб.

Со директен лет на клубскиот спонзор Qatar Airways до Доха, избраниците на Хавиер Пасквал вечерва ќе пристигнат во главниот град на Катар и ќе го имаат последниот тренинг пред утрешното деби во групната фаза против Ал Рајан. Барселона заедно со Хамбург важи за голем фаворит за освојување на светското клубско првенство, а за Лазаров ова е четврто учество на овој турнир. Претходно играше во финалето во дресот на Ал Саад и Реновалиа Сиудад Реал и го освои трофејот минатата сезона со Атлетико Мадрид.

Share