hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каталонската машина започна да „меле„

entrerios so tuluz

Во Франција и низ целиот континент владееше голем интерес за првиот сериозен тест на новата Барса на Хавиер Пасквал и двете нови суперзвезди Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ. Гостувањето во Франција кај солидниот лигаш Тулуз, каде настапуваат Гонзало, Жером Фернандез и Монторо (тројцата бивши ракометари на Барселона) беше силен мотив за црвено-сините пред заминувањето во Доха на IHF Суперглоб.

Од самиот почеток видлива беше големата желба на организираната Барса, да се наметне и играта во одбрана веднаш паѓаше в очи. Барселона играше така добро, што во првите 7 минути со серија на голови од контранапад, поведе со 1:6. Предноста на гостите постојано се зголемуваше. Во 16 минута, кога од својата вообичаена позиција погоди Рутенка, Барса имаше 7:13. Капитенот Виктор Томас со два гола од крилна позиција и Сорондо, брзо го донесоа водството до 10:16, а потоа Лазаров и Карабатиќ зголемија на 12:20. Посебно мотивираниот Томас до полувремето нанижа 6 гола и на одмор на Барса му донесе +9. Постојаната ротација не го падна ритамот на момците на Пасквал ниту во вториот дел. Лазаров веднаш го постигна својот трет гол, а потоа и Гурбиндо погодуваше од десната страна. Томас со 7 и 8 гол и Рутенка со три гола во серија за прв пат донесоа двоцифрена предност во 39 минута (17:27). Ветеранот Жером Фернандез единствен парираше против моќната и немилосрдна „машина„ од Барселона. Сите па и дебитантот Саубич се приклучија на забавата до финалните 30:48 и спектакл за близу 3000 луѓе во Тулуз. Барселона спремна за пат кон Доха, ноќва се враќа дома и утре ќе замине во Катар пред неделното деби на IHF Суперглоб, против Ал Рајан.

Пријателски меч

Тулуз - Барселона 30:48 (14:23)

Арена во Тулуз: Гледачи: 3000
Судии:

Тулуз:

Гонзало, Пардин, Илиќ 2, Жилберт, Фернандез 7, Анџелковиќ, Монторо 3, Ван Каувенберг 5, Жвижеј 3, Калвел 2, Порте 3, Осмајиќ 2, Шал 3, Моренси, Бонилари

Барселона:
Штербик, Шариќ, Виран Морос, Сорондо 2, Томас 8, Ентрериос 5, Гурбиндо 3, Страновски 3, Нодесбо, Хуанин Гарсија 5, Сармиенто 4, Рутенка 6, Карабатиќ 3, Лазаров 3, Арињо 2, Беленгер, Саубич 4

Share