hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова награда за Лазаров во Шпанија

kire-lazarov-222 08 2013

Македонскиот ракомер Кирил Лазаров е добитник на наградата „Powerade„ која ASOBAL ја доделува за ракометарот со најмногу натпревари во тековната сезона, во случајот сезоната 2012/13. Минатата сезона тој како играч на Атлетико мадрид одигра 37 натпревари во домашните натпреварувања и го пропушти само мечот со Арагон во Мадрид во 27 коло, заради повредата заработена во раната фаза на мечот Македонија - Шпанија.

Така македонецот ќе го наследи Сергеј Рутенка, која ја освои оваа награда минатата година за сезоната 2011/12. Во минатото истата награда ја освојувале или сегашни или бивши соиграчи на Лазаров: Витор Томас, Исајас Гвардиола и Даниел Шариќ. Лазаров наградата ќе ја прими на 5 септември за време на гала свеченоста на ASOBAL во хотелот „Паласио де Санта Ана„ во Ваљадолид, во предвечерјето на ASOBAL Суперкупот меѓу Барселона и Натурхаус ла Роха.

Share