Транферот на Лазаров, четврт трансфер ова лето
Ова лето ширум Европа се случија серија на ракометни трансфери кои донесоа минимални или коренити промени во некои од екипите кои нешто значат на стариот континент. Во сите комбинации и статистики звездите на Барселона се на врвот на листите. Така трансферот на нашиот Кирил Лазаров според порталот Handball-planet е четврт трансфер на преодниот рок, веднаш зад трансферите на Карабатиќ, Вори и Нарцис.
Еве како изгледа комплетната листа во споменатиот избор, кој се базира на квалитетот на преминот од една во друга екипа, а не по некој друг критериум:
Топ 25 ТРАНСФЕРИ - СЕЗОНА 2013/2014:
1. Никола Карабатиќ (Aкс - ФК Барселона)
2. Игор Вори (Хамбург - ПСЖ)
3. Даниел Нарцис (Кил - П С Ж)
4. Кирил Лазаров (Атлетико Мадрид - Барселона)
5. Тјери Oмејер (Кил - Монпеље)
6. Јоан Канељас (Атлетико Мадрид - Хамбург)
7. Момир Илиќ (Кил - Веспрем)
8. Јулен Агинагалде (Атлетико Мадрид - Виве Тарги Киелце)
9. Mарсин Лијевски (Хамбург - Висла Плок)
10. Ивано Балиќ (Атлетико Мадрид - Вецлар)
11. Габор Часар (Веспрем - ПСЖ)
12. Расмус Лауге (Силкеборг - Кил)
13. Јохан Сјостранд (Алборг - Кил)
14. Ксавиер Бараше (Атлетико Мадрид - Сан Рафаел)
15. Тимур Дибиров (Чеховски медведи - Вардар)
16. Сергеј Хорбок (Чеховски медведи - Рајан Некар Ловен)
17. Павел Aрман (Динамо Минск - Металург)
18. Борут Мацковчек (Целје Пивоварна Лашко - Хановер)
19. Алекс Душебаев (Арагон - Вардар)
20. Хенрик Toфт Хансен (Силкеборг - Хамбург)
21. Алберт Рокас (Барселона - Колдинг)
22. Јуре Доленес (Горење - Монпеље)
23. Жарко Марковиќ (Гепингем - Хамбург)
24. Никола Манојловиќ (Цимос Копер - Рајан Некар Ловен)
25. Фахрудин Mелиќ (Горење - ПСЖ)