hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Саубич: „Дојдов во Барса по титули„

saubich press

Новото десно крило на Барселона, Јоан Саубич, денес ја имаше официјалната презентација и ги кажа првите зборови како нов член на шпанскиот шампион: „Го остварив сонот, кој го посакував од мал. Не дојдов тука во Барса никого да заменувам, туку дојдов да помогнам и да ја вршам својата работа најпрофесионално.

Само така можам да имам добар учинок„ беше краток 23 годишниот ракометар, кој поникна во редовите на Барселона, ги мина младинските категории и по одличната сезона во Хуеска, преку Натурхаус Ла Роха, се врати во матичниот клуб. Тој потпиша четири годишен договор и ќе му се приклучи на капитенот Виткор Томас на позицијата десно крило, по заминувањето на Алберт Рокас во данскиот Колдинг.

Share