hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каталонците преку Тулуз патуваат за Доха

barca rakomet vo tuluz

По мирниот викенд, ракометарите на Барселона од понеделникот имаат три дена со по двојна тренинг сесија. В четврток на пладне веднаш по утринскиот тренинг екипата на Кирил Лазаров заминува за Франција, каде против Тулуз на бившите ракометари на Барселона, Фернандез, Гонзало и Монторо, Барса ќе одигра пријателски меч на 23 август од 20:30.

По мечот идниот ден, делегацијата на шпанскиот првак патува за Доха, каде ќе се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во богатата витрина - IHF Суперглоб. Лазаров од Барселона, Канељас од Хамбург и Омбрадос од Ал Саад се единствените кои го освоија овој трофеј во дресот на Атлетико Мадрид минатата сезона. Сите мечеви од турнирот ќе можете да ги следите низ директен пренос на официјалната веб страна на Кирил Лазаров.

Share