hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Саубич на местото на Рокас

saubich

Барселона на официјален начин преку својата интернет страница информираше дека шпанскиот репрезентативец Алберт Рокас ја напушта екипата и заминува во данскиот Колдинг. На прес-конеференција тој ќе ги објасни своите причини за оваа одлука.

Негова замена ќе биде Јоан Саубич, кој е производ на школата на Барса и ќе потпише четири годишен договор. Ракометарот ги мина лекарските прегледи и по договорот кој го склучија Барселона и Натурхаус Ла Роха, тој ќе му биде на располагање на црвено-сините на IHF Суперглоб во Доха. Саубич доаѓа во Барса како четврт стрелец во ASOBAL лигата и ќе биде претставен в понеделник во 18:45 часот. Минатата сезона овој каталонец постигна 152 гола на 29 одиграни мечеви.

Share