hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Суперкупот со Натурхаус во Ваљадолид

huerta del ray

ASOBAL го одреди Ваљадолид за домаќин на мечот од Суперкупот на Шпанија меѓу првакот Барселона и финалистот на Купот на Кралот, Натурхаус Ла Роха. Со оглед на тоа што Атлетико Мадрид кој го освои Купот во сезоната 2012/13, со Кирил Лазаров како протагонист, повеќе не постои, клубот од Логроњо ќе го заземе неговото место.

Овој воведен меч пред стартот на новата ASOBAL лига ќе се одигра во „Полидепортиво Хуерта Реј„ во Ваљадолид на 6 септември. Арената во која жолто-виолетовите од Ваљадолид ги игра своите натпревари, собира 3502 гледачи. Минатата сезона Натурхаус Ла Роха беше единствената екипа која ја победи Барселона во натпревар за бодови.

Share