hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Ќе се бориме за сите шест титули„

kire 090809082013

Со последните два дена на Андора, заврши првата фаза од подготовките на ракометарите на Барселона. Тројната тренинг сесија не остави премногу траги врз професионалците, а нашиот Кирил Лазаров говори за тоа како минаа третиот и четвртиот ден и зборуваше и за атмосферата во групата и очекувањата во борбата за сите титули.


Трет ден

„Здраво на сите. Мина третиот ден во мојата нова екипа. Денес ќе ви говорам малку повеќе за мојата адаптација во новата екипа. Можам да ви кажам дека имам среќа да ги познавам сите ракометари, бидејќи во последните три сезони настапував во Шпанија и полесно ми е да се привикнам. Посебно што во мојата екипа има два играчи со кои играв во иста екипа во претходните години: Арпад Штербик и Виран Морос. Имаме тука и 4-5 балканци и плус Рутенка кој играше многу време во Цеље и Никола Карабатиќ, кој е роден и родителите му се од Србија и Хрватска. Сите имаме наши ритуали, пиеме заедно кафе, но тоа не значи дека не се дружиме со другите ракометари. Правиме одличен амбиент, еве мина и третиот ден и полека го фаќаме ритамот кој ќе ни биде потребен во текот на целата сезона„.

Четврт ден

„Денес мина четвртиот и последен ден од нашите подготовки. Денес ќе ви зборувам малку за перспективата на Барса и трофеите кои можеме да ги освоиме оваа сезона. Да се игра за Барса е желба на секој спортист. Јас таа желба ја остварив и ќе дадам се од себе да освојам титули со оваа екипа. Оваа година ќе се бориме за шест титули и секоја титула има своја важност. Има титули за кои луѓето велат дека се помалку или повеќе важни, но за мене сите се важни. За некои титули треба да се борите подолго, за некои скоро цела година. И има трофеи за кои се бориш само еден викенд. Но титула си е титула и за мене ќе биде голем успех да ја освојам Лигата на шампионите, која до сега не сум ја освоил како спортист. Но мора да одиме чекор по чекор и да мислиме на нашата прва титула, за која ќе се бориме за 2-3 недели во Доха, во Катар. Тоа е голема титула и ќе се обидеме да ја освоиме. Потоа не очекува Суперкупот на Шпанија и ако сакаме да се бориме за шесте титули, мора да победиме. Практично имаме борба за три титули во првиот дел од сезоната и уште три во втората половина. Како што велат луѓето важни се големите титули, титулите од ASOBAL лигата и Лигата на шампионите и сигурен сум и убеден дека како поминува времето ние ќе растеме како екипа и така ќе имаме повеќе шанси да ги освоиме сите овие титули. Ви благодарам и ве поканувам во „Палау Блауграна„ да не следите и да ни помогнете да го оствариме сето ова„ заврши Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share