Напорната програма со три тренинзи дневно, не се чувствува меѓу професионалците на Барселона. Заслуги за тоа имаат и луѓето од стручниот штаб на каталонскиот гигант, кои се трудат да ги направат тренинзи што е можно позабавни и поразновидни.
Така утринава економот на клубот, по потекло од Куба, ги загреваше ракометарите со ритамот на Салса, а забавните игри се составен дел меѓу вообичаените напорни тренинг сесии за јакнење на физичката спрема. Секој нов детал е ново искуство за Лазаров и другарите. По видео материјалите, Барса е на прав пат и за јакнење на тимскиот дух пред официјалните средби, кои следат во втората половина од овој месец.