hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Можеме да трчаме, да имаме фитнес, но ракометот е најважен„

kire leta

Важна новина во интернетот светот за фановите на шпанскиот ракометен првак Барселона е секојдневниот видеоблог, во кој секој ден некој од ракометарите говори за тоа како минуваат деновите во Андора на базичната фаза на подготовките. Така нашиот Кирил Лазаров директно од неговата хотелска соба ни ги опиша сите детали со вториот ден од подготовките, во кој ракометарите на Пасквал имаа три тренинзи дневно.

„Здраво на сите. Денес ви говорам од нашата хотелска соба. Мина и вториот ден. Сеуште се гледаат насмевки на нашите лица. Минавме тежок период, одработивме три тренинзи. Малку чудно за мене, бидејќи одамна сум немал толку многу тренинзи. Секогаш во предсезоната имав најмногу два силни тренинзи. Денес имавме три и задоволен сум. Тоа што најмногу ми се допаѓа е што почнавме со ракомет. Ние можеме да трчаме, да имаме фитнес тренинг, но ракометот е најважен. И затоа сум задоволен, работиме на тактика и пак ќе се видиме утре. Мислам дека и утре ќе ја задржам насмевката, иако како што минуваат деновите ние сме поуморни и поуморни„ заклучи Лазаров, анализирајќи го вториот од петте дена на каталонците на Андора за време на „брусењето„ на формата на шпанскиот првак.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share