hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Лазаров: „Ова беше поинаков ден за мене„

kire 06082013

За официјалната веб страна на Барселона, големото засилување Кирил Лазаров го опиша преминот во големиот клуб и првиот ден минат во големата институција наречена Барселона.

„Јас сум Кирил Лазаров - новиот играч на Барселона. Сакам да ви ги објаснам моите први денови во новиот клуб. Денес беше првиот ден, задоволен сум. Беше поинаков ден за мене, направивме многу работи и на крај можам да кажам дека ова е ново искуство во мојата кариера, во мојот живот. Се уште е рано, имам многу желба, но како ќе минат деновите искуството ми вели, ќе бидеме како во секои подготовки, се поуморни и поуморни. Сеуште ми доаѓа насмевка, но од утре нема да биде така. Но тоа е наша задача, ние сме професионалци и знаеме што треба да правиме. Би сакал да им се заблагодарам на моите соиграчи и да им кажам дека со работа ќе се обидеме да направиме добри работи оваа сезона„ заклучи Кирил Лазаров.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share