hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО+ВИДЕО: Позираше дрим-тимот на Барса за новата сезона

barca 05 08 2013

Утринава со медицинските прегледи и официјалното фотографирање, почна новата сезона на шпанскиот ракометен првак Барселона. Двајцата новајлии Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ беа најбараните лица во „Палау Блауграна„ каде за прв пат се собра тимот на Пасквал.

По првиот тренинг во својата арена, црвено-сините се преселија на Андора, каде во наредните неколку дена ќе ги минат базичните подготовки. Таму Лазаров и новите соиграчи по три пати дневно ќе тренираат за подготвени да го дочекаат првиот голем предизвик - IHF Суперглоб во Доха 2013. Кирил Лазаров позираше во дресот со бројот 77 и потоа беше меѓу најбараните ракометари за изјава, импресии, фотографија. Неговото деби е за 10 дена во каталонскиот суперкуп.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share